Кифли потопени во маргарин
Состојки
- 500 мл млако млеко
- 4 супени лажици шеќер
- 2 супени лажици сол
- 1 квасец
- 1/2 пециво
- 1/2 лажиче ракија
- 100 мл масло
- 900 -1000гр брашно
- за потопување на кифлите
- 150-200 гр растопен маргарин
Подготовка
Мислам полесни кифли од овие за работа нема.
Можат да се прават и во посна варијанта ако млекото се замени со вода и не содржат јајца. За одозгора исто може да не се премачкаат со јајце, бидејки маргаринот си прави свој оклоп и од него бега јајцето.
мојата фамилија ги обожава овие кифли.
Прво во млакото млеко се става квасецот, па шеќерот, сол , маслото, па останатите состојки.
постепено се додава брашно, се замесува тесто да биде средно тврдо.
Се остава да кисни 15- 20 минути.
Потоа се дели на 4 токи.
Секоја се сучи во мала коричка.
Се сечи на 10-12 триаголници.
Секој триаголник се витка во кифла.
Така се постапува со цело тесто.
Сега секоја кифла се става врз вилушка и заедно двете (кифлата и вилушката) се потопуваат во растопениот маргарин.
Се остава да искапи вишокот маргарин и се редат во плех.
Се оставаат да киснат од 1-2 часа.
Едноставно заборавете ги, покријте ги со чиста крпа и печете ги после 2 часа.