Испечати

Пирош пита со праз и кисела зелка

Пирош пита со праз и кисела зелка

Состојки

  • за фил од праз
  • 2-3 страка сецкан праз
  • 50 мл масло
  • 150 гр бело сирење
  • 1 белка
  • 1 цело јајце
  • 1/2 лажиче црн бибер
  • за фил од кисела зелка
  • 1 кгр исецкана кисела зелка
  • 50 гр масло
  • 1 лажица маст-сало
  • тесто за пирош пита
  • 1 коцка квасец
  • 2 варени и пасирани компири
  • 2 жолчки
  • 200 мл млеко
  • 1 лажиче сол
  • 1/2 лажиче шеќер
  • 400 гр бело брашно
  • за одозгора
  • 1 белка
  • 30 гр сусам

Подготовка

Прво на загреано масло се пржи празот, се зачинува и се остава да се излади
се додаваат другите состојки.
Исто и сецканата кисела зелка се пржи на масло и маст се додека не испари течноста. Сол по ваша желба ставете.
За тестото се соединуваат втасаниот квасец и останатите состојки и се замесува средно тесто.
Се прави топка, од која се сечи 1/3 од тестото.
Од поголемото парче се расукува округла форма и се става во тавче за печење, обложено со хартија за печење.
На едната половина се нанесува филот од праз, а на другата филот од кисела зелка.
сега во коричка се расукува останатото 1/3 парче тесто.
Со помош на нож се сечат ленти.
Лентите се ставаат врз филот, како би се формирале ромбови.
Од остатокот од тестото се прави плетенка од 2 лентички тесто и цела пита се оквирува.
Горната мрежа се премачкува со белка и венецот се наросува со сусам.
Кисни 10 минути и се печи.
Многу вкусна и декоративна пита.
Имајте во обзир тестото со компир е лепливо, бара посип, но крајниот резултат е одличен. Само трпение, љубов и добар оброк имате.