Испечати

Штрудла од тиква и готови кори

Штрудла од тиква и готови кори

Состојки

  • 1 пак. готови кори
  • 1,2 кг пире од тиква (мускатна)
  • 200 гр шеќер
  • 100 гр гриз
  • 2 јајца
  • 1 капсула арома во прав со вкус на ванила
  • 1 лажиче цимет
  • 50 мл масло

Подготовка

Сите состојки за филот убаво измешајте ги.
Доколку користе се поцврсти се редат по 3, ако се потенки и повеќе. Секоја кора со четче се премачкува со масло и кисела вода измешани во ист сооднос (одприлика по 50-70 мл од секое). Со лажица на почетокот на 3те наредени кори се става фил и потоа се ролаат. Се редат во подмачкано тавче, се премачкуваат со маслото и газираната вода и се попрскуваат со уште некоја лажица масло плус (или уште подобро можи да ги премачкате со разматено јајце и масло), па се печат на 200 степени додека не поруменат одозгора и на допир бидат тврди. Кога малку ќе подоладат, се попрскуваат со шеќер во прав, се сечат на парчина и се служат.