Сок - витамински микс
Состојки
- 500гр. цвекло
- 500гр. моркови
- 600гр. лимони
- 3кг. вода
- 3кг. шеќер
- 1 кесичка лимонтус
Подготовка
Нека стои тука записот од овај многу убав сок кој редовно го правам во зима.
Барам - го нема, не ми се верува, а знам дека доста познат е на многумина,. Ете го мојот рецепт за него.
На крупната страна на рендето изрендајте го цвеклото, морковот, а лимонот на тенки кругови (ова може и во соковник). На така добиената смеса додаваме 3 литри вода и нека отстои 12 саати. Се цеди низ газа, нека остане само сува пулпа. После во добиената течност се додаваат 3кг шеќер. Се меша повремено додека сосема се стопи шеќерот, се става 1 лимонтус и тој да се истопи. Се собира во шишиња и готов е сокот за растворање.
Поради тоа што ставам само 1 лимонтус наместо 3 се чува во фрижидер.
Една работа сакам да напоменам тука, не секое цвекло има јак мирис онај специфичен за него, па доколку го пијат деца кои според мене се пребирливи ставате малку повеќе лимони (наместо 500) 600грама за да не се почувствува тој вкус.