Испечати

Брза пита зељаница со готови кори

Брза пита зељаница со готови кори

Состојки

  • 500 гр готови кори за пита
  • за фил
  • 4 јајца
  • 1 лажиче сол
  • 200 гр кајмак
  • 200 гр урда
  • 200 мл млеко
  • 200 гр кисела павлака
  • 300 гр бланширан и исцеден спанаќ
  • 100 мл маслиново масло

Подготовка

За филот се матат јајцата со солта, се додава бланшираниот и исцеден спанаќ и останатите состојки.
Во правоаголен плех се реди ред кора се попрскува со маслиново масло, ред фил и така се додека да се истрошат состојките.
Се сечи на коцки и се печи 40 мин на 200 степени