Испечати

Редена пита

Редена пита

Состојки

  • 1 кг брашно
  • 1 кесичка квасец
  • по 1 лажица сол и шеќер
  • 300-350 мл вода
  • 200 мл јогурт
  • 100 мл зејтин
  • околу 100 гр путер за корите
  • и плус микс семиња по избор
  • 1 јајце за премачкување
  • по потреба рендан кашкавал
  • по потреба рендано пилешко филе или нешто друго по ваш вкус
  • 3-4 лаж ајвар

Подготовка

За доручек или вечера идеално, кога немате многу време, а гладни усти чекаат

Брашното, квасецот,солта и шеќерот, зејтинот, водата и јогуртот ставете ги во поголем сад и замесете меко тесто кое не се лепи на рацете. Бидејки е со сув квасец нема потреба да се чека да стасува. Јас го оставив 10 - 15 мин додека си изрендав кашкавал и филе и си го растопив путерот.

Тестото поделете го на 10 топчиња. На набрашнета работна, маса од секое топче треба да расукате кора. Редев во тавче бр 34.
Тавчето убаво намастено се става ред кора, се попрскува со растопен путер, се става од ренданите кашкавал и филе (не треба по многу бидејки се става на секоја кора ). Се реди се додека да се потрошат корите. Ајварот се мачка на која кора сакате. Последната кора се пропрскува со путер, се мачка со разматено цело јајце и се посипува со семки. Питата се сече пред печење и се остава 15 тина минути (додека да се загрее рерната) и се пече на 220 степени околу 30 мин.
Добар апетит