Испечати

Јафа торта

Јафа торта

Состојки

  • 4 јајца
  • 24 лажици брашно
  • 24 лажици шеќер
  • 24 лажици масло
  • 1 пециво
  • 2 замрзнати портокали
  • 1 сок од еден портокал
  • 3 лажици џем
  • 300 гр шеќер
  • 300 мл вода
  • 1 чоколадо за готвење
  • 100 гр мелени ореви

Подготовка

1. Најпрво се матат јајцата со шеќерот да добиеме убава смеса. Настрана го мешаме брашното со пецивото. Потоа го додаваме маслото и брашното во смесата со изматените јајца и шеќерот. Се печи во голем плех на 180-200 степени.
2. Се подготвува шербетот за да бите оладен.
3. На рендето на покрупната страна ги рендаме замрзнатите портокали и го додаваме сокот од исцедениот портокал, 3 лажици џем и мешаме да се изедначи смесата.
4. Откако ќе се испечи и олади паднишпанот го делима на два дела. Едниот дел го дробиме во длабок сад и ја во него ја додаваме смесата со портокалите мешаме се заедно и на крај го додаваме и претходно подготвениот шербет и повторно мешаме за да добиеме хомогена смеса.
5. Подготвениот фил го истураме врз преостанатата половина и убаво израмнуваме.
6. На пареа го растопуваме чоколадото и го премачкуваме врз филот и попрскуваме со мелени ореви.

Совет - вака приготвено да отстои неколку часа за да се поврзе филот со паднишпанот, па потоа да се послужио