Испечати

Шпикуван свински бут

Шпикуван свински бут

Состојки

  • 3кг месо од свински бут
  • 1 главица лук
  • 5-6 моркови
  • 4-5 лажици сенф
  • 2 лажици зачин
  • 1 лажица сол
  • 1 лажица црн бибер
  • 6-7 листови ловор
  • 200мл вода
  • 200мл зејтин

Подготовка

Шпикуваното месо најдобро е да се подготви еден ден пред печење за месото да ги впие зачините и погодно е за подготовка на поголеми количини. Месото од бут е посуво и во шпикувањето може да се користи и сланина.
Парчињата месо се мијат и се сушат-бришат со салфетка. Со нож со подолго сечиво се прават засеци подлабоко во месото. На стапче за ражњичи се става едно чешне лук или морков и се става во месото. По желба и вкус на домашните може да се стави повеќе или помалку. Одкако ќе се наполнат отворите месото се зачинува со сол, бибер и зачин. Со четка се премачкува со сенф се прелива со зејтинот и се остава да одседи 24 часа.
Во подлабок пекач или плех се реди месото со се зејтинот. Се додава и водата, ловоровите листови и се става да се пече покриено со капак или со фолија. Обично кога се пече бут важи правилото 1час за 1кг месо така да одприлика 2,5 часа се печа на 180 степени, а потоа последните 30 минути капакот се отвара или фолијата. Месото се прелива со сокот од тавата и се допечува да зацрвени-да фати убава коричка.
Обично кога се пече вакво месо 2-3 дена остануваат залихи само се менува прилогот-компир, зеленчук, сос.......
Вака подготвеното месо се сече на шницли и одлично е за секакви пригоди.