Потпечена кисела зелка со чварки
Состојки
- 1/2 главица кисела зелка
- 150 гр чварки, пршки, џимиринки
- 5-6 пресолни пиперки
- 1 лажица свинска маст
Подготовка
Еве едно едноставно јадење.
Потекнува од Мијачкиот крај, а од колено на колено е пренесено во нашиот дом.
Се дроби киселата зелка на појадри парченца.
Се дробат пресолните пиперки и тие на појадри парченца.
Се додава една лажица свинска маст и убаво се пржи додека не омекнат.
Не се става масло затоа што со свинската маст поубаво омекнуваат пиперките и зелката.
Откако ќе ја добиеме посакуваната мекост, ги додаваме чварките ( пршки или џимиринки ) па промешуваме.
Вака подготвената тава ја ставаме во рерна уште 15 минути да се потпече.
Забелешка
Не користиме зачини, не користиме сол, се е доволно солено.
Пред да седнете да јадете, земете си малку повеќе леб, јадењето е прсти да излижеш.
На здравје