Лесна и брза торта со шербет
Состојки
- 3 јајца
- 15 лаж. шеќер
- 1 филџан филџан млеко
- 1 филџан зејтин
- 15лаж. брашно
- 1 ванила + 1 пециво
- 200 гр вода
- 13лаж. шеќер
- 1лаж. какао
- 100 гр. маргарин
Подготовка
3 јајца се матат со 15 лажици шеќер. Потоа се додава 1 филџан млеко пресно, 1 фил.џан зејтин, 15 лажици брашно,1 ванила, 1 пециво.
Се пече 30-40 минути, потоа се остава да се излади
Шербет
200 мл вода, 13 лажици шеќер, 1 полна лажица какао и 90гр маргарин да зоврие и се посипува врз оладената торта.