Торта со мармалад
Состојки
- 5 јајца
- 20 лажици шеќер
- 20 лажици млеко
- 20 лажици зејтин
- 25 лажици брашно
- 1 пециво
- 1 ванила
- по потреба мармалад
Подготовка
Јајцата и шеќерот се матат убаво, потоа се додава млекото, зејтинот, брашното, пецивото и ванилата. Половина од тестото се става во тавче број 28 и се става да се пече.
Кога е испечено се вади и се премачкува со мармалад и се истура другата половинина од тестот и пак се враќа да се пече кога е готово се вади и се премачкува со мармалад.
Пријатно јадење!