Каша од пилешко месо
Состојки
- 1 пиле околу килограм
- 6 моркови
- 2 л вода
- 3 лаж. брашно
- 100 гр масло, зачини
Подготовка
Пилет се вари убаво со морковот, потоа се чисти од коските и се враќа во водата што се варело. Морковите се пасираат и тие се додаваат во водата. Во малку масло се запржува брашно и се истура во водата што врие се посолува по вкус.
Брзо, лесно, едноставно и вкусно.
Пријатен апетит!