Кифлички (што брзо ги снемува)
Состојки
- 600 гр брашно
- 1 квасец
- по 1 лажица сол и шеќер
- 1 белка
- 100 мл зејтин
- 150 мл млеко
- 150 мл јогурт
- 1 жолчка за премачкување
- за посипување микс семиња по избор
- околу 100 гр путер
Подготовка
Кифлички за појадок, додека се топли ги снемува. Меки остануваат и наредниот ден (ако останат )
Млекото се смлачува и во него се става квасецот колку да се растопи. Во брашното се ставаат сите состојки, на крај се сипува млекото и се меси меко тесто. Се остава тестото 1 час да стаса и се виткаат кифлички. Готовите кифлички ставете ги во плех, премачкајте со жолчка посипете со семињата и ставете по едно парче путер.
Вака спремни оставете ги да нараснат додека се затопли релната.
Печете на 200 степени додека убаво заруменат.