Испечати

Посна сарма со ориз и туна

Посна сарма со  ориз и туна

Состојки

  • 1 помала кисела зелка
  • 200 гр ориз
  • 1 паковка туна
  • 2 страка праз
  • 80-100мл масло
  • 1 лажица црвен пипер
  • 1 лажица мешан зачин

Подготовка

За подготовка на овој убав рецепт, потребно е да се извади подебелиот дел на листовите од зелката. Кога листовите се спремни за виткање, го подготвуваме филот.
Во масло пропржуваме ситно сецкан праз.
Кога ќе омекне, додаваме ориз и промешуваме.
Зачинуваме и додаваме црвен пипер. Откако е готово го вадиме филот од оган, па додаваме едно кутиче риба--ТУНА.
Промешуваме да се соедини. Ги полниме листовите од зелката и виткаме ролатчиња.
Секое парченце го редиме во тавата потстиснувајќи ги.
Полеваме една чаша расолница, и додаваме вода колку да ги покрие сармичките.
Ставете во рерна на 150 степени и печете ги додека не искрчка водата.
Забелешка...
Понекогаш сармичките ги крчкам и на шпоретот на крајот од ринглата.
Ја виткам од вечер, а крчка настрана до сабајлето.
За нас ова јадење е омилено, а вие, ќе кажете.
На здравје