Бисквит торта со лешници и карамел
Состојки
- по потреба бисквити (мене ми отиде едно од 250 гр)
- околу 50 мл млеко за потопување на бисквитите
- по 1/2 лажичка рум и ванила екстракт во млекото
- фил 1
- 100 гр чоколадо
- 100 гр кршени лешници
- 1 пудинг од чоколадо
- 500 мл млеко
- 4 лажици шеќер
- фил 2
- 100 гр бело чоколадо
- 100 гр кршени лешници
- 1 пудинг од карамела
- 500 мл млеко
- 4 лажици шеќер
Подготовка
Торти со бисквити сите сакат, кај нас се омилени. Секогаш сакам да е нешто различно да не им се здосади. Побараа благо и решив да си поиграм со состојките што ги најдов по дома па излезе тортулево. Лесно и кремасто, домашните задоволни
Прво подгответе ги филовите. За двата фила постапката е иста. Млекото се става во тенџере на оган, се остава од него околу 50 мл во кои ќе се измеша пудингот со шеќерот. Се вари на тивок огин додека да згусне со постојано мешање. Кога е готово тргнете го на страна и во него додадете ги лешниците и чоколадото. Мешајте убаво додека да се растопи чоколадата и убаво да се соедини.
Кога ќе ги направите двата фила почнете веднаш со редење. Јас не чекам да се оладат веднаш редам. Во тавче 30/20 редам ред бисквити, па чоколадниот фил, уште еден ред бисквити, па филот од карамела.
На крај украсете по желба. Ставете во фрижидер убаво да се олади и стегне и спремна е за јадење.