Испечати

Зелник со кисела зелка

Зелник со кисела зелка

Состојки

  • За тесто
  • 650гр. просеано брашно
  • 1 кафено лажиче сол
  • 1 кафено лажиче шеќер
  • 1 супена лажица винска киселина
  • 2-3 супени лажици масло
  • малку прашак за пециво 1/4 од пакетчето
  • топла вода по потреба за замесување, а можи и минерална вода
  • 250гр. маргарин-за премачкување
  • Уште ќе ни е потребно малку брашно или нишесте за посип при сучењето...
  • За фил
  • 1 главица кисела зелка со средна големина

Подготовка

Традиционален зелник кој го подготвувале нашите баби. Посен е, многу вкусен, па не е на одмет да се подготви во некоја пригода.

Се замесува тестото од сите состојки и се дели на два дела, така што едниот да биде малку поголем, за долната кора. Исто и маргаринот го делиме на два дела и му одземаме по малку на двата дела, тоа маргаринче ќе го искористиме за премачкување одозгора.
На набрашнета подлога ја отвараме првата кора-тркалезна, ја премачкуваме со едната половина маргарин. Ја сечиме кората на триаголничиња, едно да има поголемо и сите ги преклопуваме, едно врз друго кон средината, значи ги собираме на тој начин и со најголемото покриваме убаво.
Истата постапка ја правиме и со вториот дел и ги ставаме топчињата во длабоко замрзнување околу 30 мин. или додека го подготвиме филот. Посип да се користи минимално, колку да не ни лепи тестото, тогаш зелникот ќе биде убаво лиснат.

За филот ситно ја сецкаме зелката и ја ставаме на рингла да се издинста додека не испари цела течност која ја пуштила, а потоа додаваме масло и со повремени мешања ја пржиме зелката. По желба додаваме мелена црна пипер. Кога е готова, ја тргаме од рингла и оставаме да излади.

Сега ги сучиме корите и ја ставаме прво долната кора на намрсен плех, па филот, па горната кора. Правиме витка и убаво цел зелник го премачкуваме со претходно одделениот маргарин. По желба наросуваме со сусам.

Ставаме да се печи во загреана рерна на 220 Ц.степени и печиме 30-40 мин., зависно од рерната...

На здравје!!