Испечати

Ситни медени колачиња

Ситни медени колачиња

Состојки

  • 200гр мелени ореви
  • 100гр маргарин
  • 100гр шеќер во прав
  • 100гр мелени бисквити
  • 100гр рендана блок чоколада
  • 3 лажици мед
  • декорација
  • 1кесичка шлаг крем од чоколада
  • 100гр шеќер во прав
  • 100гр маргарин
  • 50гр чоколада за готвење

Подготовка

Оревите, бисквитите и чоколадата се мешаат во подлабок сад. Маргаринот се мати со шеќерот во прав и се додава кон сувите состојки. На крај се додава и медот, убаво се меси и се обликуваат корпички кои се полнат со фил.
фил
Маргаринот се мати со шеќерот во прав и му се додава и растопената чоколада. Од како убаво ќе се соедини се додава изматениот шлаг крем. Смесата убаво се изедначува и со помош на шприц се полнат-декорираат колачите.