Готови кори со урда и сусам
Состојки
- 500 гр готови кори
- 300-400 гр урда
- Фил за корите
- 300 мл млака вода
- 1 квасец
- 1 мало лажиче шеќер
- 1 мало лажиче сол
- 3 јајца
- 5лажици брашно
- 150 мл масло
Подготовка
Брз и лесен појадок.
Потребни ни се пола кило кори.
Водата се помешува со квасецот, шеќерот и солта.
На страна се матат јајцата со 5 лажици брашно и 150 мл масло.
Се соединуваат јајцата со квасецот и тоа служи како фил за корите.
Се зема една по една кора.
На една кора се попрскува од филот, а на едната страна по должина се става урда.
Се витка во ролна и се реди како полжав во тавче бр 28.
Постапката се повторува и на крајот кората одозгора се премачкува од филот и се наросува сусам.
Се остава да стаса околу 15 минути покриено со чиста крпа.
Се пече на температура од 220 степени околу 15 минути.
Од оваа смеса излегуваат 2 тавчиња бр 28