Баница со кисела зелка
Состојки
- 1 кг брашно
- 1 коцка квасец
- 500 мл вода
- 1 лажиче сол
- 1/2 лажиче шеќер
- 125 гр маргарин
- 1/2 главица кисела зелка
- 200 гр масло
- 1 праз
- 1/2 лажиче црн бибер
Подготовка
Еве еден едноставен рецепт кој често се наоѓа на нашата трпеза.
Се работи за баница со кисела зелка.
За почеток на рецептот се зема квасецот се разматува и се остава да надојде.
Се замесува тесто од состојките ( брашно, сол, шеќер, маргарин, квасец и вода )
Се остава да одмори тестото. За тоа време го подготвуваме филот.
Пржиме ситно сецкан праз и ситно сецкана кисела зелка. Додаваме црн бибер и малку мешан зачин. Не претерувајте со зачинот зашто самата зелка е солена.
Готовиот фил чека за подготовка.
Го размесуваме стасаното тесто на набрашнета маса. Делиме 8 корички и една по една ги развлекуваме. Попрскуваме со масло и фил, па виткаме ролни од кората. Ги редиме во тавата во вид на полжав се додека не се наполни тавата. Попрскуваме со масло и оставаме да стаса уште 10 минути на топло. Печеме на 200 степени, се додека не зарумени, па намалуваме на потивко да се попече.
Забелешка
Можете корите да ги редите една врз друга наместо да се ролаат. Ако се одлучите да редите една врз друга кора, на крајот на површината засечете ги на осминки, како сеченик да дојде.
На здравје со убавата кисела баница.