Брза салата со сусам и урда
Состојки
- 500гр урда-изварка
- 100гр сусам
- 2 лажици буковец
- 2 варени јајца
- 1 павлака (200гр)
- 2 лажици мајонез
Подготовка
Сусамот се подпечува во суво тавче со постојано мешање додека зацрвени
Во подлабок сад се става изварката и убаво се меша со павлаката и мајонезот. Се додаваат двете варени јајца-изрендани и на крај се додава и сусамот и буковецот. Целата смеса убаво се меша и се сервира.
Салатата е едноставна и вкусна