Бела розенка
Состојки
- 1 паковање готови кори за розен торта-10 кори
- 250 гр маргарин
- 400 гр шеќер
- 500 гр мелен орев
- 200 мл вода
- 2 ванили
- кора од пола лимон
Подготовка
На оган се растопуваат маргаринот и шеќерот со водата. Само колку да зоврие и на тоа се додаваат ситно мелените ореви.
Се зема една кора, врз неа се става по 2-3 лажици фил, убаво се премачкува, пак врз филот се става кора, се премачкува со фил и така се постапува додека да се истрошат 10 кори и филот.
Најгорната кора не се мачка со филот, туку врз неа се става некој потежок предмет за убаво да се залепат корите.
Се остава во фрижидер 7-8 часа да се излади и најоре се наросува со мелен орев и се сечи на штангли.
По желба одозгора може да се стави розов фондан.