Пикантен сос
Состојки
- 1 чаша сос од домати (250 мл)
- 1 лажица сенф
- 50 мл луто масло
- 50 мл виски или коњак
- 100 мл табаско сос
- 3 лажици ворчестер сос
- 3 лажици соја сос
- 1 лажиче сув лук во гранули
- 1лажиче сол
- 1/2 лажиче бибер
- 1/2 лимон
Подготовка
Сите состојки ставете ги во еден сад и ставете ги на оган десетина минути да поварат. Сосот е готов. Можете да го користите со скара, како прелив за секое меснато јадење, па и како прелив за некои салати.