Испечати

Домашен лут табаско сос

Домашен лут табаско сос

Состојки

  • 20-30 мали, црвени или зелени пиперки
  • 3-4 чешниња лук
  • 1/2 парче кромид
  • 200 мл вода
  • 100 мл бела киселина

Подготовка

Знам дека не е сега времето за подготовка на овој сос, ама јас ќе го запишам, да го има...
Во зависност од тоа дали сакате табаското да ви е зелен или црвен, такви пиперки ќе земете. Важно е да се што полути.
Исечкајте ги и ставете ги заедно со другите состојки да се вари на тивко отприлика половина час. Кога убаво ќе омекнат пиперките, целата смеса изблендирајте ја и убаво исцедете ја. Јас тоа го правам низ ситно цедило, цело време стегајќи со лажица, да излезе целата смеса, да останат само лушпите.
Зачинете со бибер.
Ако сакате да не биде многу луто, можете да ставите повеќе вода и сосот да го згуснете со малку нишесте.
На крајот соберете го во малечки шишенца и чувајте го во фрижидер.