Дуња колач
Состојки
- 4 јајца
- 1 чаша шеќер
- 1 чаша масло
- 1,5 чаша брашно
- 1 пак. ванилин шеќер
- 1 пак. прашок за пециво
- 3 поголеми и изрендани дуњи + малку сок од лимон
- за посипување-шеќер во прав
- 1 чаша = 175 мл
Подготовка
Изматете ги јајцата со 2те врсти шеќер. Постепено додајте го маслото и на крај брашното предходно измешано со пецивото.
Исклучете го миксерот и рачно вмешајте ги ренданите дуњи, предходно по желба попрскани со лимонов сок.
Печете во загреана рерна на 180 Ц додека не порумени.
Готовиот колач, исечете го на коцки и посипете го со шеќер во прав.
* Користена е тава 25х35, но ако сакате малку повисок колач можи и една димензија помала. Не ви препорачувам сепак да одите многу во висина, поради процентуалниот состав на дуњите, за убаво да извријат. Секако, предходно добро намастете ја тавата =)
** Јас во тестото ставив и зелен мармалад од смокви. Додатокот супер ни дојде. Вкусот сепак се акцентира на дуњите и за оние кои ги сакаат ова е вистиска брза посластица од која верувам дека ќе бидат презадоволни.