Испечати

Сникерс торта по Марта Стјуарт

Сникерс торта по Марта Стјуарт

Состојки

  • За подлога
  • 255 гр сомелени чоколадни бисквити
  • 1 лажица (15 гр) шеќер
  • прстофат сол
  • 117 гр растопен путер
  • За карамел
  • 1 1/4 шоља (250 гр) шеќер
  • 1/4 шоља (60 мл) вода
  • 1 шоља (240 гр) слатка павлака со 35 % м.м.
  • 1/3 шоља (80 гр) крем фреш
  • 1 шоља (150 гр) солени печени кикирики
  • За мус од кикирики путер
  • 220 гр крем сирење на собна температура (Филаделфиа или АБЦ)
  • 1/2 шоља (60 гр) шеќер во прав
  • прстофат сол
  • 1 лажичка маслен екстракт од ванила (или 1 кесичка ванилин шеќер)
  • 1 1/4 шоља (290 гр) кикирики путер на собна температура
  • 1 шоља (240 гр) слатка павлака со 35 % м.м.
  • За ганаш
  • 200 гр темно чоколадо со 56% какао делови
  • 1 шоља (240 гр) слатка павлака со 35 % м.м.

Подготовка

Загрејте ја рерната на 175 Ц.
На дното и страните на калап кој се отвора, со пречник 22 цм ставете хартија за печење. (посебен круг на дното, а посебни листови на страните).
Во еден средно голем сад измешајте ги состојките за подлогата, па истурете ги во калапот за печење. Цврсто втиснете ја ронливата смеса на дното и по страните до висина од некаде 6 цм во тенок слој. Мене најлесно ми е тоа да го направам користејќи чаша со рамно дно. Ставете да се печи околу 10 мин. Оставете да се олади.

Во мало тенџерче, на средно силен оган ставете да зоврие водата и шеќерот. Кога ќе почни да врие, исплакнете ги со четкичка страните на тенџерчето од кристалите шеќер и веќе не мешајте. Повремено наведнувајте го тенџерчето на страна шеќерот рамномерно да се карамелизира до ќилибарна боја. Се ќе трае десетина минути.
За тоа време на тивок оган во мало тенџерче загрејте ја слатката павлака без да проврие. Тргнете го од ринглата карамелот и истурете ја во него павлаката. Бидете внимателни зошто доста ќе пени. Промешајте, вратете на тивок оган и варете мешајќи додека целиот карамел не се растопи. Преку ситно сито прелијте го карамелот во друг, чист сад, додајте го крем фреш, измешајте и оставете да се олади. Во ладно вмешајте ги кикириките и истурете го карамелот над подлогата во калапот. Оставете во фрижидер.

За пената од кикирики путер во поголем сад изматете ги пенесто крем сирењето со шеќерот во прав. Додајте го кикирики путерот и добро изматете. Додајте ги и ванилата и солта. Во еден мал сад цврсто изматете ја слатката павлака. Додајте 1/3 од неа во претходната смеса, промешајте да се разбие, а преостанатата павлака додајте ја во два наврати, внимателно мешајќи да добиете лесна пена. Распоредете ја пената врз карамел слојот.
Мене најлесно ми е да ја ставам во кесичка, да отсечам од крајот еден поголем дел, па во концентрични кругови да ја нанесам во калапот. После само ќе зарамнам и сигурна сум дека слоевите нема да ми се помешаат. Оставете во фрижидер.
Во еден мал сад искршете го чоколадото на ситни коцки. На тивок оган загрејте ја слатката павлака скоро до вриење, па прелејте ја преку чоколадото. Нека отстои минута - две, добро измешајте и истурете врз тортата.
Изладете ја добро, најдобро преку ноќ во фрижидер.
Отворете го обрачот, внимателно отстранете ја хартијата од страните, префрлете ја тортата на чинија за послужување, исечете си парче и уживајте во навистина преубавиот спој на вкусови.