Испечати

Слатки палачинки

Слатки палачинки

Состојки

  • Смеса за палачинките
  • 3 јајца
  • 500мл млеко
  • 11 лажици брашно
  • 1 филџан масло
  • За филување
  • 500мл слатка павлака
  • 3-4 лажици еуро крем
  • 1 кг банани
  • По желба-ореви,бадеми,лешници,фстаци...100гр чоколадо

Подготовка

Во сад за матење со миксер изматете ги јајцата додајте го маслото и повторно матете додајте го брашното и ќе добиете дебела смеса. Потоа додајте го полека млекото, може прво млекото, па потоа брашното, но понекогаш така ми се прават грутчиња.
Печете ги палачинките во тава за палачинки.

Во друг сад за матење ставете ја слатката павлака и матете, откако ќе се згусни оставете малу за декорација, а во другиот дел додајте го еуро кремот и повторно матете. Земете една кора од палачинките и премачкајте ја со филот и ставете половина банана на средина да накапете ја со претходно растопено чоколадо и посипајте ја со лешник...Постапката повторете ја со сите палачинки....Добар апетит