Испечати

Паштета од црвен грав, праз и чајна салама

Паштета од црвен грав, праз и чајна салама

Состојки

  • 500гр црвен грав
  • 1 парче праз
  • 150гр чајна
  • 1 мала лажичка сол
  • 1/2лажичка црн бибер
  • 3 лажици зејтин
  • 1/2 лажичка сенф
  • 1 лажичка зачин

Подготовка

Гравот се налева со вода и се става да се вари. За разлика од обичниот бел грав времето на варење е подолго. Составот на зрното е погуст и е одличен за паштета.
Одкако ќе се свари се остава да се подолади, а потоа се блендира заедно со празот и чајната салама.
Празот и чајната се сечат на тркалца за полесно да се изблендираат. Во блендерот се ставаат сите состојки заедно и се додаваат и зачините. Се добива густа паста во која се разбира може да се додадат плус зачини во зависност од желбата на домашните.
Паштета е одлична и кај мене на тој начин го решив проблемот со тие што не сакаат грав, ама паштета сакаат.