Индиски палачинки Roti pancakes
Состојки
- 1,5 шоља(по 220мл-чаена) саморастечко брашно
- 1 компир варен (голем )
- 1 главица лук
- 2 лажици масло
- 1/2 чили пиперче
- 1/2 лажиче сол
- 1/8 лажиче кари прав
- 3/4 од филџанче топла вода(од прилика 120 тина гр.)
- 2-3 гранчиња магдонос
- 2 лажици врела вода
Подготовка
Од брашното, масло, сол и вода се замесува тесто. Количината на вода е приближна, сами одредете ја според јачината на тестото за средно меко тесто. Во зависност од брашното би требало од прилика половина шоља. Додавајте ја водата постепено.
После се подготвува филот за палачинките. Компирот варен се ,,гмечи,, со виљушка, се става зачинот и зеленчукот сечкан, за крај врелата вода така да излези една компактна смеса за полнеж.
Од тестото издвоив 3 делови, т.е. топки се подистанчува со рака на работна површина и во средината се полни со фил, се затвора од сите страни тргајќи тесто кон средиштето. Секоја палачинка се сука на танко со сукалка над набрашнета површина, тука дел од филот ќе подизлезе ваму таму, ама тоа не пречи воопшто, се пржи на малку масло од двете страни да си зарумени. Вака палачинките се служат во склоп со ручек од зачинето пилешко, па и самостојно во тие нивни разнозачински сосови.
Искрено вкусот пријатно ме изненади, а ги спремав за прв пат за да си ја задоволам љубопитноста.