Коматчиња со мелено месо,сирење урда,кашкавал...
Состојки
- Тесто
- 1 кг брашно + јогурт по потреба (окулу 400 - 500мл)
- 1 кафено лажиче сол
- 1 кафено лажиче сода бикарбона
- пола кафено лажиче прашок за пециво
- 2 јајца
- За пржење
- 1 л масло
- За полнење
- по желба пржено месо со кромид, урда, сирење, салама, кашкавал....
Подготовка
Замесете тесто од состојките и извадете 25-30 парчиња. Парчињата исучете ги и на средината ставете по желба што сакате дали ќе е тоа сирење урда, мелено месо или друго не е важно.
Поклопете го на половина и околу со прстите залепете го тестото. Пржете ги во тенџере на оган во 1 литар масло и откако ќе добијат златно кафеава боја извадете ги и ставете ги кујнска хартија да се впие маслото
Добар апетит
Јас на сликите користам мелено испржено месо со кромид, но користам и сирење урда, кашкавал,салама...и многу друго по желба е тоа како вие сакате.