Испечати

Масна погача со фил

Масна погача со фил

Состојки

  • 1кг брашно
  • 1 коцка свеж квасец
  • 250мл млеко
  • 200мл топла вода
  • 2 лажици маст-сало
  • 1 лажица сол
  • 2 лажици шеќер
  • фил
  • 300гр сирење
  • 150гр кисела павлака
  • 1 јајце
  • 200гр свинска маст-сало
  • 2 лажици ленено семе

Подготовка

Се замесува тесто со стасаниот квасец. Се остава да се одмори.
Од како ќе стаса се размесува тестото и се сука кора.
Кората се премачкува со маст и се сече на широки траки одоколу7-8 см. На секоја трака се става од филот и се рола.
Готовите заролани траки се редат во подмачкана тепсија и се премачкуваат со преостанатиот фил.
Со ножици сезасекуваат парчињата и одкако ќе стаса погачата се става да се пече.
Се пече на 180 степени околу 40 минути.
Погачата е многу вкусна и мека.