Мини пици - Цветови
Состојки
- За тесто
- 1 квасец-претходно активиран
- 1 кафено лажиче сол
- 2 кафени лажичиња шеќер
- 1 кафено лажиче винска киселина
- 12 супени лажици масло
- 1 јајце + 1 за премачкување
- 600гр. брашно
- топла вода по потреба
- За фил
- 2-3 лажици павлака
- За наросување-сусам
Подготовка
Од сите наведени состојки се замесува средно меко тесто. Се остава на топло да го дуплира волуменот.
За тоа време го подготвуваме филот. Се се сецка, се меша во еден сад заедно со кечапот, павлаката, ориганото.
Надојденото тесто на кратко се премесува, се отвора кора, со тркалезна модла во саканата големина, вадиме кругови, треба да бидат во пар. Едниот круг си останува како што е, а другиот го засекуваме на 8 дела, но не докрај (се гледа на приложените фотографии) со нож кој сме го набрашниле. Целиот круг малку го премачкуваме со топла вода, го ставаме засечениот и ги отвораме засечените делови кон надвор.Полниме со фил.
Премачкуваме со разматено јајце во кое сме додале малку масло, наросуваме со сусам. Малку се оставаат да надојдат пред печење.
Се печат во загреана рерна на 200 степени, додека поруменат...
На здравје!!!