Испечати

Книшки

Книшки

Состојки

  • користена шолја од 200 мл
  • 4 шолји брашно
  • 1 јајце
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 рамна лажица сол
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажица путер
  • 1 пакетче сув квасец
  • по потреба млако млеко
  • за премачкување путер
  • 1 жолчка+ 3 лажици млеко за премачкување

Подготовка

Измешајте ги сите состојки, од кои на крај ќе го додавате топлото млеко. Измесете глатко тесто и оставете го да нарасни на топло.
* Млекото го измерив и запишав, но за жал, податоците беа на ливче и се изгубија додека јас седнам и комплетно го запишам рецептот. Нека ве води некој репер од 250мл како за пример до некоја следна прилика додека повторно измерам или можеби некој од вас ќе јави.
Нараснатото тесто развлечете го во кора со дебелина од 4-5 мм и исечете го на коцки од околу 3-4 см. По 5 коцки редете една врз друга помегу себе премачкувајчи ги со путер. Со рака стиснете ги на едниот крај и поставувајте ги врз намрсен калап за мафини.
Секоја книшка одозгора премачкајте ја со разматена жолчка и млеко и печете на 190 Ц додека одозгора не поруменат. Потоа, оставете малку да подоладат во калапот, колку да можи со раце да ги фаќате и извадете ги.

Можи слободно да ги „читате“ и на утро и за со ручекот, со вечерата, а и гости кога ќе ви дојдат послужете ги за едукација *_*

*Ако ги наредите во тепсија наместо во калап за мафини, исто така ќе добиете еден вид на разлистана погача. Ова покрај начинот на кој јас ги правев, исто така го имаше и во ваква варијација со истото тесто, па затоа ви го пишувам во напомена, а не за да влези по некоја случајност овој рецепт во тематскиот натпревар (не е вака прикажан за таму)