Испечати

Брза мрзлива погача

Брза мрзлива погача

Состојки

  • 1 квасец
  • 3 филџани за кафе (70мл) млеко
  • 7 филџани брашно
  • 1,5 мало лажиче сол
  • 1 мало лажиче шеќер
  • 1 јајца
  • 1 филџани масло
  • за натопување на лажицата
  • 70 мл филџан масло
  • 1 јајце за премачкување
  • 50 гр сусам

Подготовка

Во една вангличка се ставаат 1 пресен квасец , 3 филџани (за кафе) млеко, 2 филџани брашно, 1и пол лажиче сол, едно лажиче шеќер и се изработуваат со миксер колку да се соединат и се остава да кисни 20 минути.
Потоа во истата вангличка се додаваат 1 јајце,1 филџан масло и 5 филџани брашно.
Повторно се изработува со миксер и се остава да кисни 20 минути.
Во друг филџан на страна се става 70 мл масло или 70 гр растопен маргарин.
Се зема една лажица и се потопува во маслото, се зема од тестото и се редат форми во подмачкано тавче бр.26
Така се постапува се додека не се истроши смесата од вангличката.
Се остава да кисни 15 минути, се премачкува со едно изматено јајце, се соли со сусам и се печи.
Се служи со сирење и јогурт.
(Оваа погача е многу брза за спремање и ништо не се работи со рака и потребна е само една вангличка)