Испечати

Торта со крем од јаболка и портокал

Торта со крем од јаболка и портокал

Состојки

  • Торта со јаболка (кора)
  • 5 јајца
  • 200 грама шеќер
  • 100мл масло
  • 100мл млеко
  • 250гр брашно
  • 1 пакетче (8-10 гр) пециво
  • 1 голема лажица какао
  • Крем од јаболка
  • 7 средни јаболка
  • 150мл вода
  • 100гр шеќер
  • 100 гр темна чоколада
  • 125 гр маргарин
  • трошки од кората
  • Дополнително
  • 8-10 крем банани
  • Торта со крем од портокали (кора)
  • 3 белки
  • 6 лажици шеќер
  • 6 лажици мелени ореви
  • Крем од портокал
  • 4 жолчки
  • 250гр шеќер
  • 1 лажица густин
  • 200 грама маргарин
  • сок од еден портокал
  • 1/2 мало лажиче рендана кора од портокал
  • 1 мала лажичка екстракт од ванила
  • 500 грама стопена чоколада
  • 6 правоаглони бисквити + 50 мл. млеко
  • За декорација
  • 250-500мл слатка павлака

Подготовка

Торта со јаболков крем
Оделете ги белките од жолчките. Во белките ставете прстофат сол и изматете цврст снег од белки. Во жолчките ставете го шеќерот и изматете да добие пенаста смеса, додадете го маслото и млекото, матете уште малку на најмала брзина.
Во садот со жолчките додадете го брашното, какаото и пецивото, измешајте со шпатула или лажица, додадјте 1/3 од смесата со белки, измешјате да се соедини. Така направете и со останата 2/3 смеса.

Сместа сипете ја во два кружни плеха, 1/3 во помал калап (тоа ќе биде за филот), а останатите 2/3 во кружен плех со дијаметар 24 см.

Печете ги во загреана рерна на 200 степени додека поруменат. Оставете ги да се изладат.  Пандишпанот што е за филот издробете го откако ќе се излади.
Другиот пандишпан пресечете го на половина.

За кремот јаболката изрендајте ги и продинстајте ги со шеќерот и водата. Откако ќе испари целата течност со стапен миксер или алатка за пире, испасирајте ги јаболката. Потоа додадете ги маргаринот и чоколадата на коцки и убаво измешајте. Додајте го издробениот пандишпан и соединете.
На чинија ставете ја половината кора, половина фил, крем бананчињата, останатата половината од филот и другата кора.

Торта со крем од портокал.

Кори:
Испечете 3 кори со димензии од 20 см. Печете на 150 степени додека поруменат, внимавајте да не изгорат.

Крем:
Жолчките изматете ги со шеќерот, сварете ги на пареа со густинот, изладете, Маргаринот пенасто изматете го и соединетете го со жолчките, сокот и ренданата кора.

Во 1/3 од кремот ставете ја чоколадата и соединете.
На тортата со крем од јаболка намачкајте од кремот и ставете една кора со ореви, 1/3 од кремот, другата кора, кремот со чоколада, бисквитите натопени во млеко и останатиот крем и последната кора.

Украсете со изматена хопла по ваша желба.

Оставете ја во фрижидер најмалку 2 часа, потоа сечете парчиња.
Тортата беше по повод роденденот на сестра ми, на сите им се допадна. Пробајте ја.