Пилешки пивски гулаш
Состојки
- 500гр. пилешко бело месо
- 2 главици кромид сечкан
- 200мл. пиво
- 200мл. вода
- 1/2 лажиче рузмарин
- 1 лажиче густин
- 1 лажиче сол, тимијан, лист ловор
- 1/2 лажиче куркума, црн пипер
- 2 лажици кисела павлака
- 4-5 лажици масло за пржење
- 1 цел морков
Подготовка
На масло се пржи коцките бело пилешко, се додава сечкан кромидот, густинот, водата, тимијан, сол, ловор. Се крчка така 15 тина минути.
Се додава цел морковот, да се прокрчка следува пивото. На тивок оган уште половина саат. Се вади од тавче месото и морковот, да остане само сосот.
Се микса со пасер, се става павлаката, куркума се зачинува црн пипер, се враќа назад месото, а морковот го сечиме на кругови, па се става и тој,комплет да се промеша и готов ни е гулашот. Изобилува со пријатни мириси од зачините, го комбинирав со фетучини подготвени во сад настрана.