Слатка погача со фил од какао
Состојки
- За тестото
- 600гр. брашно
- 30гр. квасец
- 2 жолчки
- 2 лажици растопен маргарин
- малку сол
- 1 лажица шеќер
- 300мл. млеко
- За филот
- 100гр. растопен маргарин
- 3 лажици какао
- 3 лажици шеќер во прав
- За премачкување
- 200мл. млеко
- 2 кесички ванилен шеќер
Подготовка
Квасецот стопете го во топлото млеко и додајте го шеќерот и оставете да се активира. Замесете тесто од брашното, жолчките, солта и стасаниот квасец со млекото. Месете додека не добиете средно меко тесто. Откако смесата ќе стане еластична и изедначена премачкајте ја со сопениот маргарин и оставете готестото да стаса.
Од тестото расукајте кора и премачкајте ја со пола од растопениот маргарин, поросете од какаото и шеќерот во прав, завиткајте ја во ролат и исечете ја на тркалца. Тракалцата редете ги во претходно намастена тава за печење, премачкајте ја со останатиот растопен маргарин.
Печете ја на загреана рерна околу 45мин на 180 степени.
Пред да биде скоро печена околу 15 минути пред вадењето извадете ја од рерната и прелијте ја со врелото млеко измешано со ванилен шеќер и испечете ја до крај. По желба може да ја поросите со шеќер во прав пред послужување.
Се надевам дека ќе ја пробате, многу е вкусна мене ме потсеќа на бриош.
Добар апетит!