Пудинг полжавчиња
Состојки
- Тесто
- 500гр. брашно
- 1 пакетче сув квасец
- 100гр. путер или маргарин
- 125мл. млеко
- 50гр. шеќер
- 2 јајца
- 1 пакетче ванилин шеќер
- Фил
- 2 пакетчиња пудинг со вкус на чоколадо
- 750мл. млеко
- 80гр. шеќер
- 100гр. суво грозје
- За премачкување
- 4 лажици мармалад од кајсии или портокали
- 2 лажици вода
Подготовка
Подготовка на тестото
Ставете го млекото во едно тенџере да се загрева. Додадете го путерот или маргаринот и оставете да се стопи.
Во еден длабок сад ставете го брашното и измешајте ги сите суви состојки. Додадете ги јајцата, па со постепено наливање на млекото со путерот, замесете еластично и меко тесто. Ставете го на топло место додека се дуплира.
Рерната уклучете ја да се загрева на 200°. Во два плеха од рерната ставете хартија за печење.
Откако тестото стасало, премесете го еднаш. Со сукало развлечете кора со димензии отприлика 60цм. на 40цм. Премачкајте го со филот и од пошироката страна заролајте го во ролна. Со остар нож сечете парчиња со дебелина од 2цм. и редете ги на хартија во плехот. Оставете повторно да стасаат па печете ги околу 15 минути.
Откако ќе се испечат, веднаш додека се топли премачкајте ги со топлиот мармалад. Оставете ги на решетка да се оладат, па послужете.
Подготовка на филот
Од млекото одвојте малку на страна, а останатото ставете го заедно со шеќерот да се вари. Во млекото кое го тргнавте растворете ги пудинзите. Откако ќе зоврие млекото, додадете ги растворените пудинзи и варете една минута со постојано мешање. Тргнете на страна и покријте ја површината со стреч фолија за да не фаќа кора. Откако убаво ќе се излади додадете го сувото грозје и убаво промешајте.
Подготовка на мармаладот за премачкување
Мармаладот процедете го низ ситеста цедилка и заедно со водата ставете го да зоврие постојано мешајќи.
Намесето чоколаден пудинг може да користите и ванилин пудинг или пудинг со вкус на слатка павлака.