Сусам погача
Состојки
- За тестото
- 1 кгр. брашно
- 1 коцка свеж квасец или 14 гр, истант
- 2 лажички сол
- 2 лажици оцет
- 2 јајца
- 13-14 лажици зејтин
- 1/2 л. млеко
- околу 100 гр. маргарин
- За премачкување
- 1 јајце
- За посипување
- малку сусам
Подготовка
Едноставна - вкусна и нареден ден мека сусам погача.
- Растворете го квасецот во малку млеко во кое ќе додадете и една лажичка шеќер и малку брашно. Нека стаса.
- Со вилушка лесно сматете ги јајцата, додадете го млакото млеко - измешајте, додадете половина од зејтинот, солта, потоа додадете го веќе стасаниот квасец, измешајте и со оваа смеса замесете го тестото, домесете го со остатокот од зејтинот. Покријте го и оставете на топло нека одмара околу 20 мин.
- Стасаното тесто поделете го на 6 дела. Од секој дел расукајте правоаголна потенка кора, премачкајте ја тенко со маргарин, замотајте во ролат.
- Земете два ролата и спирално замотајте ги. Така ќе добиете 3 спирално замотани ролата.
- Во округла модла премачкана со маргарин почнете од средината да ги редите спиралните плетенки. Почетокот на новата плетенка подвиткајте го под крајот на предходната.
- Оставете да стаса околу 1 час, а можеби и малку повеќе .
- Пред самото печење премачкајте ја со разматеното јајце, посипете со сусам, ставете да се пеле во предходно заграна рерна на на 250 степени и на оваа температура нека се пече околу 10 мин, а потоа намалете и печете на 180 степени уште 30 мин.
Напомена
- оваа погача која ја гледате на сликата ја правев од половина состојките, ја поставив во модла бр.26, ја печев цело време на 180 степени и за пократко време.
- Доколку се одлучите да ја месите од вака напишаниот рецепт, должна сум да ви напоменам дека ќе почне лесно да се зацрвува одозгора, па затоа покријте ја со хартија да се така допечи за да не ви биде потемна бојата на кората.
- Оцетот во тестото ја прави да биде и нареден ден мека.
- За да искористам една заостаната белка - погачата ја премачкав со лесно сматена белка во која ставив и 1 лажица млеко.
- Треба да добиете меко податливо тесто за работа - многупати зависи и од самото брашно, па доколку осетите на раката дека е потврдо - слободно додадете уште малку зејтин и млеко.