Јаболкови тортички со цимет
Состојки
- 4 јајца
- 12 лажици шеќер
- 12 лажици брашно
- 1 пециво
- 200 мл млеко
- 200 мл масло
- 4 јаболки
- 1 лажичка цимет
- 2 јаболка за украсување
- 1 лажица шеќер во прав
Подготовка
Јајцата и шеќерот убаво ги матиме со миксер (тројно да нараснат, да се згуснат, да добијат светло жолта боја). Ги додаваме маслото, млекото, па брашното во кое сме го промешале пецивото. Лесно промешуваме. На крајот додаваме 4 излупени, па изрендани јаболка, промешуваме и ја истураме смесата во намрсено и набрашнето тавче. Јас користев тавче со бр. 34.
Две јаболки ги лупиме и со алатка за вадење им ја вадиме средината. Ги сечеме на тенки кришки и ги редиме кружно во тавчето. Попрскуваме насекаде со мелен цимет.
Печеме на 200 до 220 сепени.
Кога ќе ја извадиме тортата ја попрскуваме со шеќер во прав. Тортичките ги вадев со кружно калапче ама може и со чаша која ќе биде во ширина скоро како и украсното јаболко. Вака изгледот е поефектен, а инаку можете да ги сечете како сакате.
Забелешка за младите домаќинки
Тортата е печена кога, прво... ќе ја смени бојата, второ... кога ќе ја притиснеме со прст да се врати на исто место, како сунѓер или како трет начин, да ставиме чепкалка која кога ќе ја извадиме не треба да има ништо на неа... да нема залепено тесто. Се надевам убаво објаснив, така јас проверувам. Ако не е така, или има некој друг начин, поискусните домаќинки може да ме поправат.