Испечати

Тиква со ориз и месо

Тиква со ориз и месо

Состојки

  • 1 кг. тиква
  • 250 гр. ориз
  • 3 пиперки
  • 250 гр. свинско чадено
  • 3 лук
  • 1 кора од лимон
  • сол, зејтин, црн пипер, ким

Подготовка

1. Излупете ја тиквата и исецете на коцки
2. Исецете ги на коцки пиперките, чаденото свинско, лукчињата, кората лимон
3. Испржете ги коцките тиква и при крај додадете ги пиперките и лукчето
4. Префрлете ги во земјана тава, по можност
5. Додадете го месото, оризот, коцките лимон
6. Ставете зачини, сол, црн пипер, сушен зеленчук, ким
7. Додадете зејтинче и врела вода
8. Печете околу половина час

Нека ви е наздравје оваа преубава тава, која може да ја направите и посна или со друг вид месо!