Трио колач
Состојки
- 5 јајца
- 15 лажици шеќер
- 15 лажици брашно
- 15 лажици зејтин
- 15 лажици млеко
- 1 пециво
- 3 лажици какао
- фил
- 1л млеко
- 7 лажици гриз
- 250гр шеќер
- 200гр кокос
Подготовка
Белките се матат во цврст снег и на крај им се додава 6 лажици шеќер.
Настрана се матат жолчките со преостанатиот шеќер, млекото, зејтинот, брашното и пецивото. Двете смеси се соединуваат, се меша убаво со лажица и смесата се дели на два дела.
Во едниот дел се додава какаото, а едниот останува жолт.
Во поголем плех 40-28 се истура делот со какао и се става на печење. Одкако ќе се испече тестото врз него се истура филот и убаво се рамни, а над филот се истура и жолтиот дел од тестото па плехот се враќа во рерна да се испече.
Колачот е многу декоративен, голем и вкусен. Во зависност која висина сакате бројот на плехот може да се прилагоди.
Фил
Млекото се става со шеќерот да зоврие. Во зовриеното млеко се додава гризот и кокосот и се вари додека смесата се згусне (околу 5 минути)
Филот се вари пред да се стави тортата на печење за да има време да здивне пред да се истури врз тестото, ама треба да се внимава да не се олади затоа што ќе се здрви и тешко ќе се мачка врз тестото.