Путер погача - Пуфка
Состојки
- 600гр. брашно
- 1 филџанче масло
- 250мл. млеко
- 1 јајце
- 1 лажица винска киселина
- 1мала лажица шеќер
- 1 лажица мала сол
- 20гр. квасец од коцка
- 1 кесичка сув квасец
- 125гр. путер
- за фил...сирење,оригано,уште 1 јајце за премачкување,сусам
Подготовка
Путер погача или ,,пуфка,, уште носи назив.
Тесто од кое правам погачи, иако не толку често и има епитет на омилено.
Во поголем сад се става брашното и во средиштето се ,,отвора дупка,, простор каде ќе се активира квасецот, за негова припрема нема додавање на млеко или шеќер плус од наведеното, се користат точно сите состојки.
Значи половината од квасецот, малку шеќер и од брашното се зафаќа квасецот, притоа се додава и сувиот квасец па се чека да поднадојди. Настрана за тоа време ги припремаме сите потребни состојки, па ги додаваме кога се активира квасецот и месиме тесто со мека конзистенција. Откако добро се измеси се остава нека одмори 20 минути во топла просторија-премачкано со малку масло. Од тестото околу 200гр. одделуваме настрана (ќе ни послужи за крајната декорација на погачата). Остатокот го делиме на 4 топки. Секоја топка ја сукаме со сукалка во должина од 35-40 см. и ширина од 15-18 см.(од прилика се разбира). Над секоја коричка распоредуваме путер сечен на ливчиња, оригано и надолжно дробено сирење. Постапката е иста за сите четири, натаму секоја се витка во ролатче. Од тестото кое го одделивме прво образуваме топчиња,на средина им втиснуваме по 1 мала коцка путер и росиме оригано.
Следува подмачкување на садот каде ќе печиме со малку масло, ставаме хартија за печење. Секој дел од ролатот се вие во полукруг, краевите им се исправаат нагоре, а во средината е потребно да има дупка...(прилог...слики). Истото се прави со сите ролатчиња на спротивните страни, а во секоја празнина се пополнува со топче од тесто. Се остава да надоаѓа да го удвои својот волумен.
Настрана се мати 1 јајце со малку масло се премачкува со четче и се роси сусам. Се печи во загреана рерна на 200, кога се стави внатре се намалува на 180 за 8-10 минути т.е. додека запечи после ставам хартија над неа за да не се препечи се намалува на 160 уште 40 минути. Испечената погача се премачкува врела со малку масло,се прекрива со крпа, нека се лади. Дури потоа ќе ја засакате како мене,на здравје.