Испечати

Француски крем бананчиња

Француски крем бананчиња

Состојки

  • 3 јајца
  • За бисквитот
  • 300гр. мелени ореви
  • 1 лажица брашно
  • 1 лимон
  • 300гр. шеќер во прав
  • За кремот
  • 120гр. брашно
  • 250гр. путер
  • 500мл. млеко
  • 150гр. шеќер во прав
  • 1 лажица шеќер
  • За декорација
  • 100гр. горко чоколадо

Подготовка

Многу вкусни бананчиња се изненадив, бидејќи прв пат ги правев. Рецептот го имам од многу одамна запишан во тефтер, ги пробав во една прилика на гости и си го побарав рецептот, а еве сега да го споделам и со вас.

Најпрво јајцата ги кршиме и ги делиме жолчките од белките.

Подготовка на бисквитот
Белките ги ставаме во сад за матење и ги матеме со миксер додека не добиеме цврста структура, потоа го додаваме шеќерот во прав и матиме уште со миксерот додека не се растопи шеќерот. Во смесата додаваме и неколку капки цеден лимон.
Потоа ги додаваме и мелените ореви и брашното и машаме со лажица додека смесата стане хомогена.
Со помош на готварски шприц во тава за печење обложена со хартија ги формираме бананчињата. Печиме 15 мин во загреана рерна на 180 степени.

Подготовка на кремот
Скоро повеќе од млекото стваме во теџере на оган и во него додаваме 1 лажица шеќер. Преостантото млеко, жолчките и брашното во сад за матење го мешаме со жица. Потоа смесата ја префрламе во тенџерето на оган и мешаме котинуирано додека смесата не се згусне и оставаме да се олади.
Омекнатиот путер и шеќерот во прав ги матиме со миксер додека смесата не стане пенеста и потоа во садот ја додаваме и изладената смеса и мешаме заедно дедека смесата не стане хоомогена.
Смесата ја префрламе во готварски шприц и ја нанесуваме на испечените и изладените бисквити.
Чоколадото го растопуваме на пареа,чекаме малку да се поизлади и ги декорираме бананчињата.