Испечати

Слатка погача со суво овошје

Слатка погача со суво овошје

Состојки

  • 150 мл. јогурт
  • 150 мл. млеко
  • 40 гр. свеж квасец
  • 100 мл. зејтин
  • 3 јајца (+1 за премачкување)
  • 180 гр. шеќер
  • малку сол
  • 1 лажица оцет
  • 1 ванила
  • 900-950 гр. брашно
  • 80 гр. суви сливи
  • 80 гр. брусница

Подготовка

Во млако млеко се става свежиот квасец, една лажица шеќер и малку брашно. Се остава 10 минути квасецот да стаса. Во меѓувреме во садот што треба да се меси тестото се става 3 јајца, зејтин, шеќер, сол, оцет и ванила, се заедно се соединува. Се додава стасаниот квасец и брашното и се замесува тесто.
Сувите сливи и брусницата се додаваат во тестото, откако предходно ќе се измијат со топла вода, ќе се исушат во кунјска крпа и ситно да се исечкаат. Тестото се остава да стасува околу 45 минути.
Стасаното тесто се премесува и од него се одвојува 1/4 од тесто за средината на погачата и се остава настрана.
Преостанатото тесто се дели на 3 еднакви делови. Секој дел се развлекува на околу 40 цм, а краевите се истенуваат како на сликата подолу. Потоа трите делови ги делиме на пола да добиеме 6 делови. Секој дел се сече преку средината и се раширува. Потоа овие делови се ставаат во тепсија како на сликата подолу. Во средина се става тестото што го одвоиме најпрво (јас го направив во облик на ружа). Потоа сите краеви од листовите на цветот се превиткуваат на внатре и добро се притиснува до тестото во средината.
Пред печење се остава погачата да стаса уште 1 час, па потоа се премачкува со разматено јајце. Се пече 35 минути на температура од 180 степени.
Откако ќе се испече погачата ја наросуваме со малку шеќер.