Испечати

Медењаци

Медењаци

Состојки

  • 400гр шеќер
  • 1 кг брашно
  • 250гр маргарин/може и путер/
  • 4 цели јајца
  • 6 големи лажици мед
  • 2 мали лажичкилажички сода бикарбона
  • 2 кесички ванилин шеќер/по желба/
  • зацин за медењаци /цимет,каранфилче,ѓумбир во прав,мушкантно оревче/по потреба и желба
  • по потреба и желба околу 100-150гр чоколадо за готвење

Подготовка

Се мати маргаринот се додека не стане пенаста бела смеса. Му се додава шеќерот, медот и јајцата, се мешаат постепено со матење. Брашното се меша со содата и зачините.
Се додава во изматените јајца со маргаринот постепено и се меси тесто. Тестото е средно тврдо.
Се развлекува кора дебела околу 1см од која што се вадат форми со калап за медењаци или други по ваша желба.
Исечените колачи се редат на плех обложен со хартија и се печат на средна температура /околу 150-170 степени / во зависност од јачината на вашиот шпорет.

Напомена
Колачите треба да бидат одвоени најмалку по 4-5 цм еден од друг бидејки со самото печење нарастуваат.
Се печат се додека краевите на колачот непоруменат.
Внимателно се вадат од плехот кога малку ќе поодладат бидејки топли се меки и можат да се скршат.
Изладени можете да ги преливате со чоколади или да ги исшарате со Роајал ајсинг смеса за шарање на медењаците
Смесата за шарање се прави од шеќер во прав и белка. На 1 белка околу 100-150гр шеќер во прав, се меша убаво се додека не се добие убава компактна маса со која што може да се пишува. Млазот од смесата треба да не се прекинува кога пишувате-шарате. Се шара со најлон кеса која што врвот ќе го отворите со боцкање со игла.