Кајсија штангли
Состојки
- 1 кгр суви кајсии
- 200 гр шеќер во прав
- 2 листа обланда
- фил
- 350 гр шеќер
- 250 гр маргарин
- 400 гр мелени ореви
- 250 гр мелени бисквити
- глазура
- 100 гр црно чоколадо
- 2 лажици масло
Подготовка
На машина за месо се мелат кајсиите и се соединуваат со 200 гр шеќер во прав.
Убаво се изработува со рака и таа смеса се нанесува на лист обланда, убаво се плеска со рацете, а потоа може и со сукало за да биде рамномерно.
Одозгора се става слој фил.
На оган се ставаат 250 гр маргарин, 350 гр шеќер и малку вода колку да зоврие. Се додаваат мелените ореви и бисквити. Се лади малку филот и додека е млак убаво се нанесува врз кајсиите. Се остава да се излади.
Одозгора се нанесува чоколадната глазура.
По желба врз чоколадната глазура може да се стави и портокалов фондан.
Ова е смеса за 2 обланди, одлучете вие за висина на штанглите, не е грешка и да се работи на еден лист обланда.