Погача со јогурт
Состојки
- 350 мл јогурт
- 200 мл вода
- 900 гр. брашно
- 40 гр. квасец
- 1 лаж. шеќер
- 1 лаж. сол
- малку сусам
Подготовка
Квасецот се растопува во стоплена вода.
Во длабок сад се става брашното и во него се додава растопениот квасец, јогуртот, солта и шеќерот.
Сето тоа добро се замесува и се остава на топло за да нарасне.
Одкако ќе нарасне од тестото се прават 10 кругчиња. Секое кругче се расукува според големината на тавчето за печење. За оваа погача одговара тавче бр. 26 и каде што излегуваат две погачи.
Се спојуваат едно врз друго 5 кругчиња за едната погача и 5 кругчиња за другата погача.
Потоа со нож се сече погачата на 16тинки од средината кон надворешниот дел, но не се сече до крај. Секое парче се врти во круг неколку пати, На сликата подолу може добро да се види доколку неуспеав добро да објаснам. Погачата се става во тавчето за печење, намачкана со малку масло.
Потоа се повторува постапката и со втората погача.
Се попрскуваат со малку вода одозгора и се поросуваат со сусам.
Се оставаат на топло место покриени со крпа за да нараснат.
Се печат на 200 степени околу 25- 30 минути, односно се додека не добијат убава златна боја.