Јаболков колач со суво грозје
Состојки
- 4 јајца
- 4 мали филџанчиња (70мл) шеќер
- 3 филџанчиња масло
- 4 филџанчиња суво грозје
- 4 филџанчиња рендани јаболка
- 2 лажици мармалад,кора од лимон рендана
- 1/2 лажиче сода бикарбона
- 7 филџанчиња брашно
- 1 рамно лажиче канела (цимет)
Подготовка
Едноставен ама сочен кекс за кој постапката е следна:
Јајцата се бијат со шеќерот, се додава маслото и се по ред како следува напишано во состојки.
Јас искористив благи јаболка за рендање и бело суво грозје (ова секако не задолжително,односно по вкус)
Правоаголен калап бр.36 се премачкува маргарин и се посипува брашно. Се излева содржината за колач во него, се става да се печи на 200. Кога зарумени за десеттина минути или зависно од вашата рерна, се става хартија над него да не се препечи, се намалува температурата на 180, па се допекува. Кога е готов најубедливо проверуваме со чачкалица забодена во центар треба да е целосно ,,сува,, Колачот се лади, се сечи на коцки па се посипува со шеќер во прав.