Лајбици со зачински билки (посно)
Состојки
- 1 квасец
- 5 лажички шеќер
- 2-3 лажици брашно
- 100 мл вода и сето ова се остава да стаса, да се активира квасецот
- 750 гр до 1 кг брашно
- 1 лажичка сол
- 12 лажици зејтин за во тесто
- 500 мл вода
- зејтин за премачкување
- копар, рузмарин, босилек, оригано по желба
Подготовка
Меки, што би рекле старите, како душа, погодни и за сендвичиња, а за вкусот...ви препорачувам да ги пробате.
Благодарност до мојата работна цимерка Маца, која ми ја збогати тетратката и трпезата со овој преубав рецепт, кој откако го пробав редовно си го правам и во посни и во мрсни денови. Знам да ги направам и со зачини како што ќе ви ги презентирам и сега.
Тестото го замесуваме на меко со млака вода. Од квалитетот и составот на брашното зависи колку ке ставиме во составот на тестото. Откако ќе го замесиме го „тепаме„ околу 50 пати, т.е. го удираме на работната површина од високо. Го оставаме да стаса на зејтин, а и премачкано со зејтин.
Откако тестото ќе стаса, се прават топчиња со помош на зејтин, не со брашно. Е јас тука на некои од нив им ставам и зачини, во едни ставам оригано, во други копар, босилок...
Се редат во тавче намрсено или на хартија за печење, ги мачкаме со зејтин и ги оставаме да стасаат. Ги печеме на 200 степени. Кога ќе ги извадиме печени од рерна, повторно ги премачкуваме со зејтин.
Употребата на масло во сите фази на припремата ги прави навистина меки и вкусни.
Забелешка
Ги премачкувам со зејтин со силиконска четка.
Ако сакате да ги замрзнете ставете ги топли во замрзнувач, за кога ќе ги извадите да ја имаат истата мекост.