Урма штангли
Состојки
- тесто
- 10 белки
- 10 лажици шеќер
- 250 гр орев сецкан по должина
- 250 гр урми, сецкани по должина
- 2лажици брашно
- фил
- 10 жолчки
- 8 лажици шеќер
- 5 лажици густин
- 500 мл млеко
- 250 гр путер
- 100 гр чоколадо
Подготовка
Прво се матат белките со шеќерот, па се додаваат урмите, оревите, брашното.
Смесата се истура во калап обложен со хартија и се печи на окулиу 200 степени, времето на печење зависи од рерната.
Се сечи по должина
За филот се ставаат во тенџере жолчките, шеќерот, млекото, густинот и се варат до згуснување.
Во топлиот крем се додава и чоколадото да се растопи
На крај се додава изматениот путер.
Убаво се се соединува.
Се филуваат корите
Се чува во фрижидер 2 часа, па се сечат штангли